Врз основа на Чл. 18 и 23 од Законот за Здруженија и фондации („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 52/2010 г.), Собранието на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2019 г. донесе:
ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА
СТАТУТ
на Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. Северна Македонија
- ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Чл. 1
Со овој Статут се уредуваат прашањата во врска со: името и седиштето на Здружението, целите и задачите на Здружението, облици и начин на дејствување, органи и тела на Здружението, начин на нивниот избор, и отповикување, стекнување и располагање со имот, остварување на јавност во работата, услови и начин на пристапување и исклучување, престанување и застапување во правниот промет и спрема трети лица, престанок на Здружението, начин на донесување и изменување на Статутот, постапување со имотот на Здружението во случај со престанок на работа и други прашања утврдени со закон.
- ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Чл. 2
Здружението е непрофитна организација основана од доброволно зачленети граѓани – наставници по стручни предмети и раководни кадри вработени во електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Р. Северна Македонија (во понатамошниот текст – Здружение), кое ги има следните цели:
- да ги усогласува заедничките потреби и интереси на училиштата;
- да се грижи за унапредување и збогатување на основната дејност на училиштата во согласност со заедничките интереси;
- да ја координира, поттикнува и потпомага работата за размена на искуства помеѓу училиштата заради подобрување на организацијата на работењето, планирањето и другите односи кои придонесуваат за подобра работа на вработените во училиштата и поквалитетно извршување на нивната основна дејност;
- да дава предлози и мислења до МОН, ЦССО, БРО и ЦОВ за решавање на проблемите кои се јавуваат при вршење на дејноста и изнаоѓање на заеднички решенија за други потреби и интереси;
- соработка со други здруженија од државата
- интернационална соработка со Здруженија од други држави
Чл. 3
Одредбите на овој Статут се задолжителни за сите членови на Здружението.
Чл. 4
Одделни прашања што се уредени со овој статут може поблиску да се уредат со други акти (правилници, деловници и сл.), кои мораат да бидат во согласност со овој статут и законот.
Чл. 5
Здружението не може да врши политички активности или да го користи својот имот и средства за остварување на цели на политичките партии.
Како политичка активност се подразбира директно учество во изборна кампања или собирање средства за изборна кампања и финансирање на политички партии.
- ПРАВНА ПОЛОЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Чл. 6
Здружението е основано на Собрание на основачите на ден 17.12.1999 г. во Охрид.
Здружението е правно лице.
Здружението одговара за своите обврски со својот имот и средства и не може да врши стопанска дејност.
Чл. 7
Здружението има своја жиро сметка.
Чл. 8
Името на Здружениетое: Здружение на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Северна Македонија
Чл. 9
Собранието на здружението се состои од следниве 4 региони:
Прв регион: ги опфаќа училиштата во општините: Скопје, Тетово, Гостивар и Илинден .
Втор регион: ги опфаќа училиштата во општините: Прилеп, Битола, Кичево, Охрид и Струга.
Трет регион: ги опфаќа училиштата во општините: Куманово, Крива Паланка, Виница, Св. Николе, Кочани, Штип и Пробиштип.
Четврт регион: ги опфаќа училиштата во општините: Велес, Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Радовиш и Богданци.
Чл. 10
Седиштето на Здружението е во Скопје на бул. „Александар Македонски“ бр. 24 – Скопје.
Чл. 11
Во своето работење Здружението употребува печат и штембил со пропишан облик.
Печатот е во облик на круг со пречник од 32 mm и со име Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Северна Македонија.
Штембилот е во правоаголен облик со ист текст како и печатот со тоа што се остава место за број и дадум на предметот.
Здружението употребува/има и свое лого чиј што изглед е даден на следната слика
Чл. 12
Со печатот располага и го употребува само овластено лице.
Чл. 13
Работата на Здружението е јавна.
- ЗАЧЛЕНУВАЊЕ, ПРЕСТАНУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ
Чл. 14
Член на Здружението може да биде секој наставник по стручни предмети и раководен работник од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта и советниците за електротехничка, машинска и сообраќајна струка од Р. Северна Македонија кои доброволно ќе пристапат во членство на Здружението
Чл. 15
Зачленување во Здружението се врши со пристапница, која при исклучување или престанок, задолжително се враќа.
Чл. 16
Членувањето во Здружението престанува:
- со доброволно истапување на членот од Здружението;
- поради непридржување и кршење на одредбите од овој Статут и одлуките на органите на Здружението, за што одлука донесува Собранието на Здружението;
- со престанување на вршење на работата наставник по стручни предмети или раководно лице во училиштето;
- со неизвршување на финансиските обврски спрема Здружението.
Чл. 17
Барање за истапување од Здружението се поднесува до Собранието на Здружението.
Чл. 18
Членот на Здружението е должен да ја уплати чланарината за годината во која престанува членството.
Чл. 19
Здружението престанува:
- ако за тоа е донесена одлука на Собранието на Здружението со двотретинско мнозинство;
- ако Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука дека програмата и Статутот на Здружението не се во согласност со уставот;
- ако се утврди дека Здружението престанало со работа;
- во други случаи определени со закон
Чл. 20
Овластеното лице кое го застапува Здружението е должно за околностите од Чл. 19 да го извести Основниот кривичен суд – Скопје во рок од 15 дена по нивното настанување.
Представникот на Здружението го утврдува Основниот кривичен суд – Скопје со Решение според правилата на вонпроцесна постапка.
Чл. 21
Здружението престанува и:
- ако работи спротивно на одредбите на Член 5 од Статутот;
- ако се користи за насилно уривање на уставниот поредок на Република Северна Македонија;
- ако се користи за поттикнување или повикување на воена агресија;
- ако се користи за разгорување на национална, политичка, расна или верска омраза или нетрпеливост, и
- ако работата на Здружението не е во согласност со статутот и законот.
Чл. 22
Членовите на Здружението имаат право:
- да учествуваат во работата на органите на Здружението;
- да поднесуваат свои мислења и предлози кои се однесуваат на актуелната проблематика од областа на образованието и воспитувањето
- да бараат мислења и предлози кои се однесуваат на актуелната проблематика од областа на образованието и воспитувањето
- да учествуваат во натпреварите кои ги организира здружението
Чл. 23
Членовите на Здружението се должни:
- да учествуваат во работата на Собранието на Здружението и на другите негови органи;
- навреме да ги доставуваат бараните податоци, извештаи и материјали кои се потребни за извршувањето на задачите на Здружението;
- да се придржуваат на одредбите на овој статут и другите акти и одлуки донесени од страна на Здружението.
- редовно да ја уплаќаат чланарината за тековната година најдоцна до крајот на месец април за таа година.
Чл. 24
За непридржување кон должностите утврдени со овој статут, може да се примени санкцијата престанок на членството во Здружението.
За ненавременото уплаќање на чланарината поединечниот/колективниот член на здружението добива писмена опомена после која истата треба да ја уплати најдоцна до крајот на месец мај за тековната година.
- ОРГАНИ И ТЕЛА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Чл. 25
Органи на Здружението се:
- Собрание;
- Претседателство како извршен орган;
- Надзорен одбор;
- Комисии.
Чл. 26
Собранието е највисоко тело на Здружението кое го сочинуваат сите членови на Здружението претставувани со директорот и по еден претставник од секторот електротехника, машинство и сообраќај, транспорт и складирање.
Чл. 27
Собранието на Здружението донесува полноважни одлуки ако на седниците присуствуваат повеќе од половината членови на Здружението.
Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови, од повеќе од половината од присутните, но не помалку од една третина од вкупниот број членови на Здружението.
Чл. 28
Гласањето и одлучувањето на седниците на Собранието на Здружението е јавно.
Чл. 29
Седниците на Собранието на Здружението ги свикува претседателот на Собранието, а во негово отсуство заменикот на претседателот.
Предлог за свикување на седници на Собранието на Здружението може да поднесе претседателството или најмалку една петтина од членовите на Собранието на Здружението.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува претседателството или иницијаторите.
Чл. 30
Собранието на Здружението особено ги врши следните работи:
- донесува статут на Здружението и измени и дополнувања на истиот;
- донесува деловник за работа на Здружението;
- усвојува извештај, насоки и план за работа;
- усвојува завршна сметка и финансиски план;
- одлучува за здружување и зачленување во меѓународни организации;
- констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
- врши избор на членови на претседателството;
- избира претседател;
- избира членови на надзорен одбор;
- именува лице кое ќе ги врши административните и финансиските работи;
- дава смерници и упатства за работа на другите органи и тела на Здружението;
- дава оценка за работата на стручните тела на Здружението;
- одлучува за склучување на договори и спогодби;
- за вршење одредени работи формира повремени или постојани комисии и други работни тела;
- ја разгледува работата на претседателството и на другите органи и тела најмалку еднаш годишно;
- врши и други работи што со овој статут или други акти се ставени во надлежност.
Чл. 31
Членот на Собранието на Здружението има право:
- да поднесува предлози на одлуки и други акти и да покренува прашања од делокругот на Собранието на Здружението;
- да бара известување од претседателството за извршување на одлуките и заклучоците на Собранието на Здружението, да бара податоци што му се неопходни за неговата работа во органите и телата на Здружението.
Членовите на Здружението се самостојни во определувањето и гласањето по прашања за кои се одлучува на Собранието на Здружението.
Чл. 32
Членот на Собранието на Здружението е должен за работењето на Собранието на Здружението и за својата работа да го известува училиштето во кое е вработен.
Чл. 33
Собранието на Здружението избира претседателство кое брои 7 члена.
Претседателството на Здружението има: претседател, заменик претседател и 5 члена.
- Членови на претседателство се бираат од регионите, но не повеќе по два члена од еден регион
- Претседателот го бира собранието на предлог на претседателстото од неговите редови
Чл. 34
Претседателот, заменик претседателот и членовите на претседателството се бираат со мандат од 4 години со можност да бидат избрани повторно само уште еден мандат.
Претседателот на претседателството е и претседавач на Собранието на Здружението.
Чл. 35
Седниците на претседателството ги свикува и со нив раководи претседателот а во негово отсуство заменикот на претседателот.
Претседателот на претседателството е должен да свика седница на претседателството и ако тоа го бара една петтина од членовите на претседателството.
Чл. 36
Претседателството може да работи и одлучува ако на седницата присуствуваат најмалку 4 члена.
Одлуки се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број на присутни членови на претседателството но не помалку од една третина од вкупниот број на членови на претседателството.
Чл. 37
Претседателството на Здружението ги врши следните работи:
- ги подготвува седниците на Собранието на Здружението;
- го подготвува нацрт статутот и други документи што треба да ги донесе Собранието на Здружението;
- ја спроведува програмата, заклучоците и одлуките донесени од Собранието;
- управува и одговара за управувањето со имотот на Здружението;
- подготвува годишен и периодичен извештај за својата работа;
- донесува одлука за определување потписник на Здружението
- врши и други работи.
Чл. 38
Заради остварување на контрола на работата на Здружението и нејзините органи се оснива надзорен одбор кој ја следи работата и учествува во спречувањето на повредите на правата на членовите утврдени со овој статут.
Чл. 39
Надзорниот одбор врши контрола над спроведувањето на одредбите од овој статут, одлуките и другите акти што ги донесува Собранието на Здружението и неговите органи и тела, врши надзор над исправноста, правилноста и финансовото работење и укажува на неправилностите со кои се причинува материјална штета на Здружението и неговите членови.
Чл. 40
За својата работа и наоди, надзорниот одбор поднесува извештај до Собранието на Здружението со предлози и мерки за отклонување на воочените недостатоци, неправилности и незаконитости во работењето.
Чл. 41
Надзорниот одбор брои 3 члена што ги избира Собранието на Здружението од редот на своите членови.
Мандатот на членовите на надзорниот одборот трае 4 години.
За член на надзорниот одбор не може да биде избран член на претседателството.
6. ЗАСТАПУВАЊЕ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Чл. 42
Претседателот на претседателството на Здружението ги има следните права и обврски:
- да го претставува и застапува Здружението во правниот промет и спрема трети лица во јавноста;
- да го претставува Здружението пред Министерството за образование и другите надлежни органи и организации во сите степени на образование и пошироко;
- да ги свикува и раководи со седниците на Собранието на Здружението;
- да се грижи и е одговорен за законитоста во работењето на Здружението;
- преку претседателството да се грижи за извршување на одлуките на Собранието на Здружението;
- да планира и одлучува за посети и службени патувања;
- да ги анализира резултатите од работата на Собранието на Здружението и предлага мерки за отстранување на недостатоците во работењето;
- да врши и други работи во согласност со статутот и законот.
7. СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Чл. 43
Здружението може да стекнува средства односно определени права на средствата и со истите да располага согласно овој статут и закон.
Чл.44
Средствата според овој статут Здружението ги стекнува од уплата од чланарина, донации, учество во проекти, прилози и подароци и на друг начин согласно законот.
Чл. 45
Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Здружението се врши на начин утврден со општите прописи и Законот за Здруженија на граѓани и фондации.
Контрола над законитоста во стекнувањето, користењето и располагањето со средствата вршат надлежните служби при соодветната институција овластена од државата.
Чл. 46
Во управувањето со средствата, Собранието на Здружението и неговите органи, превземаат мерки за правилно користење на средствата и за спречување на незаконитостите и другите негативни појави во користењето и располагањето со средствата.
Чл. 47
Органите на Здружението се должни еднаш годишно да поднесуваат извештај за финансиската состојба на Здружението.
Чл. 48
Кога Здружението ќе престане со работа средствата што остануваат по намирувањето на обврските на Здружението се враќаат на членовите на Здружението.
8. ИЗВЕСТУВАЊЕ И ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
Чл. 49
Здружението превзема потребни мерки за обезбедување јавност во својата работа, така што неговите членови и пошироко да бидат потполно и благовремено информирани за работата и проблемите на Здружението, за предлозите на одлуки и други општи акти и мерки што се предлагаат за унапредување на образованието и воспитувањето како и за донесените одлуки и нивното извршување.
Јавноста во работата на Здружението ќе се остварува и со присуство на претставници на надлежните органи и тела на Министерството за образование, како и претставници на сите степени на образованието и воспитувањето и средствата за јавно информирање.
Чл. 50
Органите на Здружението се грижат членовите да бидат секогаш благовремено известувани за нивната работа и да им се обезбеди увид на материјалите за нивното работење.
9. СОРАБОТКА
Чл. 51
Здружението обезбедува услови и развива активности со кои се овозможува соработка со институции и други слични асоцијации во Република Северна Македонија и пошироко.
Да воспоставува и одржува интернационална соработка гради партнерски односи со здруженија на граѓани и институции од други држави чии цели и интереси се во согласност со статутот на здружението.
10. ПРЕОДНИ И ЗАВРЖНИ ОДРЕДБИ
Чл. 52
Одредбите од овој статут ќе се применуваат како што се утврдени, а во случај на нејаснотии истите ги толкува Собранието на Здружението.
Кавадарци, 20.12.2019 г.
Претседател, Драган Јаневски