На 13.03.2026 год. на ниво на Македонија во четирите региони се одржаа Регионалните натпревар во вештини SKILLS COMPETITION како дел од проектот „Поттикнување на практични и професионални вештини кај учениците за Skills Competition во духот на EuroSkills“, организиран од страна на Здружението на ЕМСУ со подршка од Занаетчиска Комора – Скопје, за Првпат до сега.
Во РЕГИОН 1 домаќини беа три училишта во кои се одржаа натпревари во пооделни квалификации, и тоа:
АСУЦ „Боро Петрушевски“ каде се реализираа натпреварите за: Автомеханичар, Автоелектричар, Монтер на мотори и моторни возила и Каросериски механичар;
СУГС „Владо Тасевски“ реализираа натпревар за квалификациите: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Електротехничар – енергетичар, и
СУГС ЕМУЦ „8ми Септември“ каде беше реализиран натпреварот за квалификацијата Заварувач.
Покрај учениците од овие училишта во Регион 1 учество во натпреварите зедоа и ученици од СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје, ДУЦОР „Патрениј Зографски“ Скопје, СОУ „Илинден“ Илинден, ОСТУ „Гостивар“ Гостивар и РЦСОО „Моша Пијаде“ Тетово.
Во РЕГИОН 2 домаќин на Регионалните натпревари во вештини Skills Competition беше училиштето ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид, каде се натпреваруваа и ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп и РЦСОО „Ѓорѓи Наумов“ Битола.
На натпреварот како дел од РЕГИОН 3 се натпреваруваа ученици од СОУ „Ѓошо Викентиев“ Кочани, ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово и РЦСОО „Коле Нехтенин“ Штип кое воедно беше и домаќин на Регион 3.
Регионалните натпревари во вештини во РЕГИОН 4 се реализираа во РСЦОО „Никола Карев“ Струмица а учество зедоа и учениците од РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес, СОУ „Киро Спанџов – Брко“ Кавадарци, СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш и СОУ Богданци“ Богданци.
Голема благодарност до училиштата домаќини за успешната организација и реализација на ваквите Регионални натпревари во вештини Skills Competition кои се организираат за Прв пат во нашата држава и ЧЕСТИТКИ до учениците и нивните ментори кои освоија I-во место во пооделните квалификации и се пласираа за учество на престојниот Државен натпревар во вештини кој ќе се реализира на 11ти и 12ти Мај под организација на Занаетчиска комора – Скопје.












































