Обука за обучувачи SKILLS COMPETITION

На 04.09.2025 год. во просториите на СЕТУ на ГС “Михајло Пупин” Скопје се одржа Обука за обучувачи за безбедност и заштита при работа на учениците за натпреварите во вештини SKILLS COMPETITION во рамките на проектот “Поттикнување на практични и професионални вештини кај ученицUse The Divi Builderите за за Skills Competition во духот на EuroSkills” кој Здружението го реализира со подршка од Занаетчиска комора Скопје како дел од проектот “Зајакнување на младите, градење вештини, креирање иднина. Оваа е првата обука од серијата која ќе следува во овој проект, на која беа обучени 8 наставници од 4 региони, од кои 4 од електротехничка струка и 4 од машинска струка кои стекнатото знаење ќе го пренесат на нивни колеги и ученици во училиштата од 4 региони.
Обуката успешно ја реализираа двајцата обучувачи: Sotir Mitrikeski од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп и Dimitrija Angelkov од СОУ “Киро Спанџов – Брко” Кавадарци.