Здружението на наставници по стручни предмети и раководните кадри од
електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Македонија,
објавува:

К О Н К У Р С
за учество на XXXVII – те Државни натпревари на учениците од
електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Р. Македонија

1. Државните натпревари за учениците од ЕМСУ се организираат за:

образовните профили од четиригодишно образование;
образовните профили од тригодишно образование;
изработени трудови.

2. Право на учество на натпреварите од четиригодишно и тригодишно образование имаат учениците кои освоиле награди и пофалници на Општинските и Регионалните натпревари, и оние ученици по одредени профили за кои не се изведени Регионални натпревари поради недоволен број учесници и истите директно се пласираат за на Државните натпревари.
Учениците натпреварувачи се од трета година.
Право на учество со изработени трудови имаат сите ученици од ЕМСУ.

3. Натпреварите ќе се реализираат во согласност со Правилникот за учество, организација и спроведување на државни натпревари на учениците за образовните профили од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта.
Пријавувањето за учество е најкасно до 10.04.2018 г. на електронската пошта од Здружението: zdruzenienaems@yahoo.com .

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

1. Државните натпревари ќе се одржат на ден 04.05.2018 г. во АСУЦ „Боро Петрушевски“ -Скопје.
2. Пријавувањето на трудовите се врши најдоцна до 15.04.2018 г. до Здружението со доставување на Пријава со резиме на електронската пошта: zdruzenienaems@yahoo.com, а исто така Пријава со резиме и три примероци од содржината на трудот се доставуваат по пошта до домаќинот на Државните натпревари на следната адреса: АСУЦ „Боро Петрушевски“, Бул. „Александар Македонски“ бр. 26/Б 1000 Скопје.