ЗДРУЖЕНИЕ НА НАСТАВНИЦИ ПО СТРУЧНИ ПРЕДМЕТИ И РАКОВОДНИТЕ КАДРИ ОД ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИТЕ; МАШИНСКИТЕ И СООБРАЌАЈНИТЕ УЧИЛИШТА ОД РЕПУЛИКА МАКЕДОНИЈА

И С Т О Р И Ј А Т

Во далечната 1980 год. на иницијатива од неколку училишта од електро-машинска срука од Република Македонија, и тоа на ден 16.04.1980 г. во тогашното ЕМУЦ „Никола Тесла“ од Скопје е одржана Првата конститутивна седница, односно беше формирана Заедницата на електро-машинските училишта од Република Македонија. Заедницата беше формирана со цел за унапредување и збогатување на основната дејност на училиштата преку давање стручни мислења, предлози, координирање, поттикнување и подпомагање на работата и размената на искуства помеѓу училиштата, подобрување на организацијата на работењето, учествување во подготовката на плановите и програмите за пооделните профили, изградување на единствени и заеднички принципи и мерила за непречено остварување на основната дејност и многу други заеднички потреби и интереси.

            Заедницата како асоцијација на доброволно зачленети во тогашно време училишта, на почеток од електро-машинска струка а кратко потоа и од автосообраќајна струка успешно работеше под тоа име се до 1998 год., кога со измените во Законот за здуженија на граѓани и фондации, било свикано основачко собрание каде е основано Здружението на наставници по стручни предмети и раководните кадри од електро-машинските и автосообраќајните училишта од Република Македонија.

            Во 2000 год. со пререгистрација на училиштата направена е и пререгистрација на Здружението, односно од 26.05.2000 г. Здружението е запишано во регистарот на Здруженија на граѓани и фондации со сегашното име – Здружение на наставници по стручни предмети и раководните кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Македонија.

            Од 1981 г. тогашната Заедница на ЕМУЦ-ите на Р.М., почнала со огранизација и спроведување Натпревари за учениците по соодветните струки и профили, кои Здружението успешно ги спроведува се до денес.