Врз основа на Чл. 24-а од Законот за Средно образование (Сл. весник на РМ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, и 24/13 и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на државно ниво во средното образование, и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование, и Чл. 29 од Статутот на Здружението на наставници и раководни кадри од
ЕМСУ од Р. Македонија Собранието на Здружението на својата седница одржана на ден 14.03.2017 г. донесе:
Извадок од П Р А В И Л Н И К О Т за натпревари
за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите со писмена работа – труд на државно ниво на учениците од eлектротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Македонија
ПРОПОЗИЦИИ:
Конкурирање со писмена работа-труд
Делот со писмени работи – трудови на Државните натпревари е посебна дисциплина. Негова цел е да им овозможи на учениците да презентираат резултати од своите активности, во областите од природните науки, техниката или пак проектната задача која ученикот ја избрал и изработил за училишна/државна матура. Притоа треба да се претставуваат знаења, умеења и вештини од струката и нивната примена, избрани според инвентивноста и стручноста на натпреварувачите.
Натпреварувачи со писмени работи – трудови можат да бидат ученици од сите образовни профили. Секоја писмена работа – труд треба да е изготвен во соработка со ментор.
Пријавување се врши на посебно доставен формулар. Готовите писмени работи – трудови со пополнет формулар за учество се доставуваат преку пошта најдоцна до 15.04.2018 г.
Комисијата за вреднување врши селекција на пријавените писмени работи- трудови и ги поканува на презентација избраните учесници. Комисија за примање на трудовите составена од три члена во која како членови можат да бидат наставници по стручни предмети, стопанственици, универзитетски работници и слично.
Услови и средства за презентација си обезбедуваат авторите. Писмените работи – трудови треба да бидат изработени според правилата за изработка на писмениот дел од Проектната задача за завршниот испит / државната матура, на следниот начин:
> Проектна задача во вид на писмена творба може да се јави во форма на: проектирано решение за изработка на конкретен производ или за вршење одделни услуги, вид на документација, евиденција, различни видови планови (на пр., бизнис план), биланси, пресметки, службени акти, обрасци. Нејзината структура е многу слична со структурата на извештајот. Треба да биде јасна и концизна, да го отсликува идејното решение на задачата, да ги соопштува: постапките, резултатите, заклучоците и коментарите на ученикот во однос на задачата. Треба да биде најмногу 12 страници пишан текст без прилозите.
Во рамките на проектната задача – продукт од конкретен материјал учениците изработуваат предмет, како на пример: електронски или машински дел, склуптура, графика, цртеж, слика, дел од облека, мебел, храна и друго. Овие ученици, освен изработката на предмет, должни се да подготват и писмена документација за процесот на неговата изработка. Писмената документација треба да биде јасна и концизна и треба да содржи:
-
-
краток вовед во кој ученикот ги објаснува потребата и важноста на предметот кој го изработил (техничко – технолошкото значење);
-
главен дел – кој содржи правилен опис на предметот, неговата функција, планирање и организација на активностите, изготвување на скици и шеми, избор на материјали; опфат на податоци, спецификација на опрема користена при изработката на предметот; стручен приказ на процесот на производство/услуги); структура и приказ на готовиот предмет/продукт;
-
завршен дел во кој ученикот дава коментари во врска со процесот на изработката на предметот, за евентуалните потешкотии со кои се соочил;
-
користена литература: се наведува користена литература (според правилата).< [http://www.matura.gov.mk/documents.aspx?language=MK&page=3QXAtNgCBjg=]
-
Резимето кое оди заедно со пријавниот формулар треба да биде со 150 до 300 збора (Font: Times New Roman, size:12, со македонска поддршка). Во резимето треба да стои, во скратена форма, опис на темата, резултати, согледувања, заклучоци, користена литертатура и користени средства. (стои и во Пријавата која се праќа и електронски)
Оценување на писмените работи-трудови
Елементи кои се земаат во предвид при оценувањето се:
-
Методичност во истражувањето, утврдувањето и докажувањето на научните вистини
- Систематичност и прецизност во целокупната постапка на истражувањето
-
Изведување на експериментот со користење на уред, инструмент и докажување на применливоста на научното истражување на трудот
- Изведена сопствена конструкција на уред, апарат, инструмент како резултат на истражувачката работа на натпреварувачот
- Презентација
Максимален број е 100 поени.
По мислење на Комисијата, можно е доделување на повеќе наградени места. За учесниците врз основа на постигнатите резултати, оцените и мислењата на Комисијата за оценување, училиштето-домаќин доделува дипломи за прво, второ и трето место и пофалници.
ПЛАСМАН
Стандарди за рангирање на местата и доделување дипломи
- прво место 86-100 бодови
- второ место 71-85 бодови
- трето место 55-70 бодови
- пофалници 40-54 бодови.
14.03.2017 год. Претседател на Здружението
Жарко Темелкоски